Актерот Џејсон Момоа е познат како секс симбол, а во јануари оваа година е прогласен за најзгодниот актер на целиот свет.
Со години наназад кај жените е познат по својот „див“, бунтовнички изглед, а долгата коса и брадата се негов заштитен знак.
Но, сега актерот направи драстична промена.
По седум години Џејсон се одлучи да ја отстрани брадата, а целиот процес го забелажа со камера.
„Збогум Дрого, збогум Артуре Кари, довидување Деклене“ се прости Џонсон од својата брада.
Меѓутоа, актерот не ја избричил брадата со причина, туку со цел да ја разбуди свеста кај луѓето за чување на планетата.
– Го правам ова со цел да се подигне свеста на луѓето. Пластиката ја убива нашата планета, но постои решение за тој проблем. Вие можете да помогнете, сѐ додека се рециклира. Решението е алуминиум. Околу 75 проценти од алуминиумот кој е користен во минатото сѐ уште се употребува и целосно може да се рециклира. Лименката од која пиете денес за 60 дена повторно е употреблива – изјавил Момоа.
Неговиот нов изглед ги подлеи мислењата кај фановите.
Jason Momoa has shaved off his beard for the shooting of DUNE and instantly became twenty years younger. Dude’s gonna outlive us all. pic.twitter.com/k8lyMte03J
— An Englishman (Not) In San Diego (@EnglishmanSDCC) April 18, 2019