Бразилската манекенка и фото – модел Изабел Гулар го претстави нејзиниот карневалски костим. Тоа е повеќе од предизвикувачка модна креација, каква што и се очекуваше.
Горниот дел од костимот наликува на костим за капење, а украсен е со луксузни детали. Изабел го комплетираше карневалскиот стајлинг со накит кој целосно одговара на аутфитот, и металик сандали.
Долниот дел од костимот е направен од синџири, кои се претпоставува дека треба што повеќе да ја ублажат провокативноста на нејзината облека. На следната фотографија ја откри познатата танга, во златни тонови. Славната Бразилка носела и попредизвикувачки модели на плажа, а во слични изданија и претходните години се појавуваше на познатите годишни ревии на престижната модна куќа „Викторија Сикрет“ како „Ангел“ на овој бренд.
Изабел, која важи за една од најубавите жени на светот, изгледаше многу провокативно, но сепак поодмерено од бројните танчерки на карневалот кој започна пред четири дена и ќе трае до 25 февруари.
За појавата на овој модел се зборува речиси секојдневно, како на интернет, така и на светските портали. Нејзината врвна линија, која ја должи на долготрајниот тренинг и диетата составена од мали порции, толку многу ги интригира луѓето што нејзината надворешност беше внимателно анализирана, а набљудувачите еднаш заклучија дека нејзината убавина е нарушена само со нејзините не толку привлечни стапала.
Но, повеќето луѓе не го ни забележуваат тоа додека ја гледаат Изабел Гулар.
Фото: Принтскрин/ Профимедиа