Во првата сезона на танцовото шоу „Танц со ѕвездите“ во 2013 година, учествуваше и ТВ водителката Марјана Станојковска.
Нејзин партнер беше танчарот Илија Карадаковски, а гледачите во тоа време имаа прилика да ја гледаат Марјана во поинакво светло пред камерите.
Деновиве на Македонската телевизија повторно се прикажува ова шоу, а Марјана преку својот Инстаграм ги потсети следбениците да гледаат.
Тангото на кое танцуваше во секси црн фустан со шлицови го истакна нејзиниот сексапил.
Инаку, оваа талентирана убавица танцува од мала, а од 12 годишна возраст неколку години учела модерен и џез балет во балетското студио „Ребис“. Марјана настапувала и на кореографии во тогашните музички емисии на МТВ.
Во продолжение погледнете го ова маестрално танго: