Мегафон кино

Најзборуваниот филм на Балканот: „Тома“ доаѓа во македонските кино сали

Најзборуваниот филм на Балканот: „Тома“ доаѓа во македонските кино сали

Најзборуваниот филм на Балканот, филмот „Тома“ во режија на Драган Бјелогрлиќ од следната седмица ќе се прикажува во македонските кино сали. Првите проекции во Скопје се закажани за 16-ти и 17-ти октомври во двете кина во градот. На 18-ти октомври пак е првата проекција во 3Д Кино Битола.

„Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија. Ова е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Ова е приказна за душата.

To top