Радио Милева
свадбени ѕвона

Најбизарна свршувачка: Maшин Ган Кели ја запроси Меган Фокс, па откри: „Пиевме крв еден од друг“

Најбизарна свршувачка: Maшин Ган Кели ја запроси Меган Фокс, па откри: „Пиевме крв еден од друг“

Актерката Меган Фокс и музичарот Машин Ган Кели се вериле во романтичен амбиент, по година и пол долга врска.

Атрактивната бринета објавила интимно видео на социјалните мрежи на кое се гледа како тој ја запросува, а таа се согласува.

Фокс под објавата напишала опширен опис во кој истакнала дека ја прославиле веридбата со „пиење на нивната крв“.

На снимката може да се забележи како Машин Ган Кели клекнува на едно колено пред Меган додека таа зачудено го гледа. Кратко потоа и таа се спушта на колена, па потврдно кимнува со главата, а тој ѝ го става вереничкиот прстен на раката.

-Во јули 2020 година седевме под ова дрво. Баравме магија. Бевме свесни за болката со којашто ќе се соочиме за толку краток, бурен период. Несвесни за работата и жртвите што оваа врска ќе ги бара од нас, но опиени од љубов. И карма.

Некако, година и пол подоцна, откако заедно го поминавме пеколот и се смеевме повеќе од што мислев дека е возможно, тој ме праша дали ќе се омажам за него. И исто како во секој живот пред овој, и секој живот што следи, јас реков да“, напиша Меган и доде: „…а потоа ја пиевме нашата крв“.

Музичарот Машин Ган Кели објавил видео од прстенот со кој ја запросил убавата Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly)

фото: профимедиа/принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева