Наташа Неделковска или Таша Реј, како што и е уметничкиот прекар, тетоважите и се заштитен знак. Трејд марк, кој го носи речиси по целото тело, па не случајно важи за најтетовираната Македонка… Барем онаа, која јавноста ја познава!
А, тетовираната убавица, која е и модел кој се појавува во видеоспотовите, рекламите, модните едиторијали, фотосесиите на познатите уметнички фотографи кај нас, реши да смени професија, па на играта со објективот и ја придодаде и убавината и разубавувањето на женското тело, нешто што однеодамна и стана главна преокупација.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tasha-e-tetovirana-sirena-zashto-ona-taka-saka-ja-poznavate-li-najtetoviranata-makedonka-foto-video/
Маникир, педикир, свилени трепки, лифтинг на трепки, ламинација на веѓи, јапонско исцртување на веѓи, депилација… се само некои од услугите кои можете да ги најдете во најзината „соба за разубавување“.
И додека Таша мака мачи со кадровско екипирање и комплетирање на персоналот, па за соа напомош ги повика социјалните мрежи споделувајќи оглас за потреба од фризерка, тетовираната убавица – сега и газдарица, не можеше да не забележи нешто, што очигледно многу ја изнервира.
„Ја извади од тетовираната и кожа“, па онака лутита и гневна Таша веднаш се најде спремна за пресметка со безделниците. Со оние што не знаат што да прават со самите себе, па им прават проблеми коментирајќи ги и хејтајќи, оние околу себе.
Токму ним македонската „тату лејди“ Наташа Неделковска онака отворена и искрена до коска, реши да им се обрати, па да ги искара зашто наместо да се лежи, безделничи и озборува и делници и празници и недели и саботи, попаметно е нешто да фати да се работи! Најпрвин на себе, па потоа и нешто корисно и доходовно.
А дали нејзе „сијаличката и светнала“ во вистински момент за вистинската работа, па ќе и ја осветли нејзината „Ѕhow room“ за во неа Таша Реј да блесне како дисплеј во вистинско светло во новата работа…?
Зависи од многу нешта! Меѓудругото и од… капацитетот на „сијаличето“!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Natasha Nedelkovska