Радио Милева

Најтажниот период во животот на Силвестер Сталоне: Го продал своето куче за 25 долари за да преживее

Најтажниот период во животот на Силвестер Сталоне: Го продал своето куче за 25 долари за да преживее

Познатите актери често поминуваат необичен пат кон нивната слава. Актерите минуваат низ различните фази од нивниот живот, час се на врвот, час се на дното. Сепак, еден човек се смета дека има најголема неверојатна приказна низ Холивуд

Во култниот филм “Роки” можевме да видиме како Силвестер Сталоне го шеташе своето куче и трчаше со него околу градот. Кучето го следеше во филмот, како и во неговиот живот. Сепак, приказната за нивната врска е таква што може да ги допре дури и најтврдите срца.

Сталоне беше многу сиромашен и имаше тежок живот пред да стане популарен. Дури и украл накит од неговата сопруга за да го замени за пари и да купи храна. Тој направил нешто слично и со своето куче.

Силвестер Сталоне денес признава дека најтешкиот момент во неговиот живот бил кога во кафеана, го продал своето куче за 25 долари во потрага по егзистенција. Тој го продал на странец и со тие пари купил храна. По ова, од кафеаната излегоа во солзи и понижен.

По две недели од тој настан, го гледал натпреварот помеѓу Мухамед Али и Чак Вепнер и добил инспирација да напише сценарио за филмот Роки. Сценариото било завршена за 20 часа, а Сталоне итно се впуштил во потрага на кој да го продаде. Сценариото било продадено за 125.000 долари, а  Сталоне имал еден услов да ја одигра главната улога. Производителите го отфрлиле предлогот оти сакале повеќе афирмативен актер.

По неколку недели, Сталоне бил поканет од студиото да ја игра големата улога и платиле 35.000 долари за тоа. Првото нешто што Сталоне го направи со тие пари е да го бара странецот на кого го продал своето куче.

Сталоне, седел три дена пред кафеаната во која го продал своето куче на странецот. Кога конечно се појавил и Сталоне го вратил своето куче за 15.000 долари, а го продал за егзистенцијални причини.

Сталоне и неговото куче биле заедно долго време.

To top