Радио Милева

„Најсреќна на свет“: Елена Ристеска доби специјално изненадување кое и го наполни срцето (фото)

„Најсреќна на свет“: Елена Ристеска доби специјално изненадување кое и го наполни срцето (фото)

Елена Ристеска деновиве е активна со промоција на новата песна „Срца се погреше“ која ја сними во дует со српската пејачка Данијела Кариќ.

По тој повод таа изнесно време престојуваше во Белград каде се појави како гостинка во неколку ТВ емисии. Откако се врати од Србија, на домашен терен ја дочека вистинско изненадување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Имено, по повод 101 илјада следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, нејзините пријатели и приредија специјално изненадување во еден скопски ресторан, каде масата била декорирана со балони кои ја симболизираат бројката на нејзините виртуелни следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on


-Она кога имаш среќа и подарок од Господ да имаш совршени другари и блиски луѓе. Кои наоѓаат повод да те направат најсреќна на свет и да те изненадат. Во случајов по повод 101.000 следбеници успејаа да не ги “провалам” дека нешто подготвувале, напиша Елена во описот на фотографијата.

Поддржувачите и обожавателите и честитаа во коментари и посакаа уште поголема бројка за која повторно и повторно ќе наздрават и слават.

 

To top