Радио Милева филмска биографија

Најпознатиот светски телохранител е Србин: За Горан Џелатовиќ  – „Ајкула“ кој ги чувал најголемите ѕвезди ќе се снима холивудски филм (ФОТО)

Најпознатиот светски телохранител е Србин: За Горан Џелатовиќ  – „Ајкула“ кој ги чувал најголемите ѕвезди ќе се снима холивудски филм (ФОТО)

Горан Џелатовиќ  – „Ајкула“ важи за еден од најпознатите  српски телохранители, кој ги чувал најславните личности на светскиот џет-сет  како: Мадона, принцот Хари, 50 Cent…

Голем број луѓе коментираа дека Ајкула има животна биографија за филмско сценарио, а како што се дознава од извори блиски до телохранителот, според неговиот живот и навистина ќе се снима филм.

Според информациите, во оваа филмско остварување ќе игра холивудскиот актер Тамер Хасан, кој ќе го толкува најдобриот пријател на „Ајкула“, додека главната улога е резервирана за една од најголемите холивудски ѕвезди, чие име се уште не се открива.

Горан ја работи својата работа веќе 26 години, колку што живее во Лондон, а кариерата да работи со познати личности ја започнал благодарение на актерот Џејсон Статам.

Фото: Приватна архива

To top