Радио Милева

Најпознатата светска манекенка која заработува милиони се обидела да се убие!

Најпознатата светска манекенка која заработува милиони се обидела да се убие!
фото:инсатграм/караделевињ/принтскрин

Иако денес е една од најпознатите манекенки која заработува милиони и има бројни фанови, манекенката Кара Делевињ, некогаш се борела со тешка депресија, па дури се обидела да се замоубие.

Кара во една прилика раскажа дека во детството била склона на самоубиство и дека неколкупати си ја удирала главата од дрво за да се ослободи од негативните чувства. Делевињ вели дека си нанесувала повреди во вид на гребаници, па дури се обидела со лекови да си го одземе животот.

-Овие негативни чувства биле толку силни што често си ја удирала главата од дрво само за да се смири, вели Кара за „Вог“.

фото:инсатграм/караделевињ/принтскрин

-Никогаш не сум ги пресекла вените, но толку се гребев што крварев –открива Кара и додава дека во една прилика се обидела на самоубиство.

фото:инсатграм/караделевињ/принтскрин

-Во еден момент тоа ми падна на памет и имав начин да го направам тоа. Тогаш си кажав себе си дека морам да одлучам дали се сакам повеќе себе од идејата за смрт. Тогаш почна да свири песната од мој покоен другар кој почина од голема доза хероин. Тоа беше предупредување од него. Толку бев бесна на себе – вели Кара Делевиљ која освен во модната индустрија се проба и како актерка и имаше успешен обид.

Останати вести од Радио Милева