Блогерката Зорана Јовановиќ попозната како Zorannah позираше во минијатурни бикини, а иако сакаше само да ја покаже својата бујна предница и витка линија, следеа бројни реакции од шокираните корисници на Инстаграм.
Имено, таа позираше на егзотична дестинација во жолто бикини кое едвај и ги прекриваше гигантските силиконски гради. Ова на многумина им падна во очи, па на социјалните мрежи коментираат дека овој пат блогерката претерала со големината на вградените силиконски импланти.
Таа уште претходно раскажа, поради што неодамна решила повторно да ги смени имплантите на градите.
„Градите ми се многу големи. Сакав што е можно помал имплант, пластичен хирург ме советуваше да одам со 450 до 500, па мислев дека градите ќе ми бидат со големина на мојата глава. Иако ми рече дека ќе оди во ширина, да ми го пополни градниот кош, јас секако морав да истерам по свое и ставив имплант од 325 кубика. И првиот проблем што го имам со градите е што растојанието помеѓу градите ми е 6,5 цм, иако не треба да биде поголемо од два. Тоа е моја грешка. Од друга страна, моите гради беа асиметрични сами по себе и хирургот ми рече дека ако сакам да ја поправам таа асиметрија ќе треба да ја оперирам брадавицата, што значи дека твојата брадавица никогаш повеќе нема да биде иста ако операцијата се изврши. Ми рече дека сум млада и дека не сака да ми ги уништува брадавиците… Дека не треба да го правиме тоа сега, туку понатаму, кога ќе ги коригирам и менувам имплантите по втор, трет пат бидејќи тие се менуваат на секои десет години“ – изјавила Зорана и додала дека нејзините гради изгледаат природно, но тоа не е тоа што таа го сака.
„Сакав само мали заоблени гради кои цврсто стојат нагоре. Како што можете да видите моите гради се многу природни, многу меки, не можете ни на допир да забележите дека имам импланти и тоа е одлично за некој што сака природно. Сепак, јас никогаш не го сакав бујни гради и буквално ја направив таа операција само за да ми стојат градите нагоре“.
Фото: Ннстаграм принтскрин/zorannah