Најпознатата српска блогерка и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ – Зоранах повторно јавно ги коментираше машко-женските односи, иако пред неколку години беше осудена од бројните следбеници за своите ставови.
На телевизијата „Хајп“, прашана од водителот со каков тип на маж би била, таа ги изненади и ги шокираше сите повторно со својот одговор:
„Дали повеќе би сакала да бидеш со човек кој е материјално нестабилен за некои ваши критериуми, но да ве држи како малку вода на дланката на раката, или со човек кој исполнува сè во однос на однесувањето, но не е богат?“ – ја праша водителот, а таа одговори:
„Одговорот е многу едноставен. Со ниту едниот, ниту со другиот, затоа што човекот што сака да биде со мене, треба да ме ‘работи’ ! Тој треба да биде успешен и моќен и да изгледа добро. Потоа сè друго, дури и да ме држи како малку вода во дланката. Ако тој не ме ‘работи’ на сите можни начини и ако не сум луда по него, тоа ќе ме спречи да бидам со него. Јас тогаш или ќе заминам со некој друг или ќе тргнам по некој друг.
Мажот мора да ме ‘работи’, а јас имам своја листа уште од 16 години, како таа личност мора да изгледа и што мора да има и да умее да ми прави“ – шокираше со својот одговор Зоранах.
Фото: Инстаграм принтскрин/zorannah