Ешли Грејхем ги изненади обожавателите на социјалните мрежи со објавта на фотографија на која позира целосно гола.
Моментално најпопуларната плус-сајз манекенка на светот, 32 годишната Ешли, не може да го дочека доаѓањето на своето прво дете на свет, што треба да се случи во јануари 2020 година, а дотогаш својата среќа и исчекување ги споделува на Инстаграм.
Таа позира целосно гола додека вежба јога.
-Мојот нов „скринсејвер“, напиша комичарката Витни Камингс, додека манекенката хелена Кристенсен порача дека таа е прекрасно човечко суштество, а се огласи и Емили ратајковски која остави коментари во симбол на срце.
Во меѓувреме, Ешли испиша историја како првата плус-сајз манекенка која на писта се прошета бремена.