Холивудскиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд конечно се спогодиле.
Имено, најгледаниот холивудски развод конечно заврши по долг процес пред судот во Вирџинија за тужба за клевета која ја покренаа еден против друг.
Адвокатите на популарната актерска двојка успеале да постигнат договор според кој осигурителната компанија на Амбер Херд ќе му плати еден милион долари на Џони Деп, за да стави крај на овој случај, дознава „Дејли мејл“.
Но, случајот конечно го доби својот епилог, а според оваа спогодба Џони Деп ќе добие значително помалку пари за обештетување во однос на сумата што ја одреди судот, но веќе нема да има спор со поранешната сопруга.
Да потсетиме дека нивната правна битка трае во последните шест години, а Деп поднесе тужба против Херд поради написот што таа го напиша за „Вашингтон пост“ во декември 2018 година. Во него таа се опишала како „јавна личност која е жртва на семејно насилство“, а иако во текстот конкретно не се споменува името на Деп, тој ја тужел и барал отштета од 50 милиони долари. А потоа таа возврати, барајќи 100 милиони долари затоа што „трпела неконтролирано физичко насилство и малтретирање“.
Судијата на крајот одлучи дека таа треба да му плати на поранешниот сопруг 10 милиони долари отштета во тужбата за клевета, а Деп да и плати 2 милиони долари. Амбер во неколку наврати се пожали, и најавуваше жалби и јавно изјави дека нема пари да му плати на поранешниот сопруг.
фото:Принтскрин Јутјуб/AP