Актерката Ева Лонгорија, најпозната по улогата на Габриел Солис во серијата „Очајни домаќинки“, овие денови одмора во Лос Анџелес, од каде споделила и неколку фотографии кои малкумина оставиле рамнодушни.
Лонгорија позирала во розов костим за капење на едно рамо, кој совршено се „прилепил“ за нејзините облини и ги истакнал обликуваните стомачни мускули.
„Вака изгледа Божиќ во Лос Анџелес“, напишала актерката во описот на фотографијата на Инстаграм, а комплиментите на нејзина сметка само се нижат.
View this post on Instagram
„Најубавата дама“, „Ох Боже мој, какви стомачни“, „Божица“, „Прекрасна си“, ѝ порачале фановите.
За потсетување, Ева го има 3-годишниот син Сантијаго кој го доби со мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон, со кој е во брак од 2016 година. Бастон од првиот брак има уште 4 деца.
Пред Бастон, актерката беше 2 пати во брак – првиот пат се венчаше со американскиот актер Тајлер Кристофер и бракот траеше од 2002 до 2004 година, а потоа и со кошаркарот Тони Паркер со кој се венчаше во 2007 година, а се разведе 4 години подоцна.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: karmin.tocka.com.mk