Радио Милева
а-при-ли-ли-ли...

Најоригинален: Водителот на Телма се маскираше во Боки 13-ка! (ФОТО)

Најоригинален: Водителот на Телма се маскираше во Боки 13-ка! (ФОТО)

1-ви Април, денот на шегата и сите под маски! Иако нашиот „политички бал под маски оддамна трае“, сепак денот си е ден и редно е да биде така и одбележан. Затоа од најмало до најстаро вчера беше маскирано. Сите.. или речиси сите, а особено оние на кои им е до малку смеа и забава „го ставија своето второ јас“ на себе, па се преобразија во она , што во животот не се, а би сакале да бидат или обратно: никогаш не би сакале да бидат она во што се маскирале! Кој како го толкува денот и значењето на маската што ја ставил!

Се маскираа и познатите… од пејачи и пејачки, до актер(к)и, манекенки, ТВ водителки и водители… Најчесто, во некакви страшни или смешни маски и костими! Асоцијација на животот, работата, секојдневието… ли? Кој да знае, ако не секој за себе! Но сепак, од сите маски, една маска беше хит! Имено, екипата или барем дел од неа, на Утринската програма на ТВ Телма исто така го испочитува 1-ви Април, па тоа утро на својата програма во живо се појавија маскирани!

Женскиот дел од тимот како некакви, волшебнички, маѓепснички или вештерки… Како вештерките не од „Иствик“, туку од „Телма“, да речеме! Цеце Трајковска и водителката на временската прогноза Ирена Лазарова – Димитровска до душа не беа нешто многу поразлични од вообичаено, освен по една специфична шапка како моден детал и жезол, меч или трозабец ќе да беше во раката.

Ама затоа нивниот колега, водителот Гоце Андреевски беше вистински хит! И не само на Телма, туку тој ја имаше маската на годината вклучувајќи ги сите од еснафот на сите други телевизии.

Гоце беше маскиран во никој друг, туку во Боки 13-ка!

Затоа и сите сакаа да се фотографираат со него! Сите и домаќини и гости сакаа да имаат слика со него!

Ако не верувате, прашајте ги, а патем… Погледнете ја сличноста, која никако не е случајна! Можеби само намерата да се претвори во ликот на „големиот 1ТВ газда“? Или ниту тоа?!

Како и да е, водителот на утринската на ТВ Телма вчера ја имаше најоригиналната првоаприлска маска!

Ама ако! Животот е маскенбал, така барем во една позната песна се пее, а под туѓа маска, полесно се живее!

 

Останати вести од Радио Милева