Во средата поради дождот беа откажани сите натпревари на Ролан Гарос во Париз. Новак Ѓоковиќ (32) требаше да има меч во четвртфинале во двобојот против Зверев, но наместо тоа тој се дружеше со сопругата Јелена(32).
Јелена на инстаграм објави снимка на која Ноле покажа што прави кога ќе му откажат меч поради врнежливо време. Тенисерот и сопругата во опуштена атмосфера плетеа нешто од бела волница.
-Ова е интензивен фокус на плетење додека трае дождот, се пошегува Ноле додека Јелена додава:
View this post on Instagram
-Врне дожд, ништо од мечот… и што ние правиме? Се фрливме на волната! Љубов ти одат рачните занаети!
Снимката за кусо време собра десетици илјади лајкови и позитивни коментари од обожавателите кои го споделуваат видеото на социјалните мрежи.