Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, од денес се негативни на Ковид-19.
Ова го покажале најновите резултати од ПЦР тестот што и двајцата го направија во Белград.
Новак и Јелена не почувствуваа никакви симптоми на вирусот и го направија тестот по претходен договор со лекарите.
Претходните 10 дена, уште од враќањето од турнирот во Задар, брачната двојка Ѓоковиќ ги помина во изолација, следејќи ги сите протоколи и безбедносни мерки поврзани со Ковид-19.
Извор: Информер.рс
Фото: Старс спорт фото