Најмладата милијадерка на светот Кајли Џенер (22) без оглед на тоа што има милиони изгледа не се снаоѓа најдобро да раководи со истите.
Како што пишуваат одредени медиуми, Кајли е во тешка финасиска криза, па токму поради тоа се одлучила да продаде дел од својата компанија “Kylie Cosmetics”.
Еден светски гигант во светската козметика откупи 51% од компанија на Кајли, што значи дека младата милијадерка не е сопственик на поголемиот дел на компанијата.
Имено, Кајли својот дел го продала за 600 милиони евра. Сепак, 22 годишната бизнисменка ќе биде заштитно лице на својата козметика, но и ќе биде вклучена во процесот на креирањето, тврдат странските медиуми.
Нејзините производи беа распордавани неколку минути по нивното лансирање. Џенер бизнисот го започна со продавање на руменила. Меѓутоа, толку добро и тргна што таа го прошири на продажба на други шминки и комзетика за нега.
Според листата на Форбс. Самито бренд кој Кајли го отвори во 2015 година вреди 900 милиони долари.