Виктор Живојиновиќ доживеа неколку романтични бродоломи, по што реши да се посвети себеси и да ги стави љубовните предизвици на втор план.
Работеше на себе и ослабе, а се посвети на семејството – го видовме и на концертот на мајка си Лепа Брена и Александра Пријовиќ, сопругата на неговиот полубрат Филип.
Виктор се пофали и дека витка сарми за слава, а после тоа не се огласи на својот Инстаграм профил. Сепак, сега ја има најубавата прилика да објави нешто специјално од својот живот.
Виктор изгледа се заљубил. Тој ја претстави својата нова девојка во прекрасна црно-бела фотографија.
Лицето на мистериозната црнка и го покри со симбол од срце, а се чини дека се на пат да се качат на авион кој ќе ги однесе на егзотична дестинација за да ја дочекаат Новата година на потопли подрачја.
Да потсетиме, Виктор беше во врска со Милица Томашевиќ и Сандра Миљаковиќ, но овие љубови не беа предодредени. Дали мистериозната девојка ќе биде идната г-ѓа Живојиновиќ останува времето да покаже.
фото:Instagram printscreen/ viktorernest