Пејачот Здравко Чолиќ е фатен како со автомобил оди на вежбање на „Ада Циганлија“ во Белград.
Во оваа прилика познатиот Чола „покажа премногу“ бидејќи јавно ја соблече долната облека, па објективот на камерата на екипата на „Папарцо лов“ забележа што забележа!
Имено, пејачот најпрвин убаво се истрча, потоа се истегна, а на крај пред да се спакува и змине, почна да си ја мести тренерката. За да го направи тоа, Чолиќ морал да го спушти надолу долниот дел од тренерките, па сите имаа можност ѕвездата да ја видат… по гаќи!
Инаку, Чолиќ во мај ќе наполни 71 година, а многумина коментираат дека изгледа фантастично за возраста.
Инаку, камерата на „Папарацо лов“ ја фати и неговата сопруга Александра пред нивната куќа, која ги извршуваше секојдневните активности.
Како изгледаше утринската гимнастика на Чола, погледнете од видеото во продолжение: