Нема дете кое не го знае ликот на Пипи – Долгиот чорап. Денес таа е задолжително четиво во лектирите на основците.
Кога ја добила улогата на ексцентричната Пипи – Долгиот чорап, шведската актерка Ингер Нилсон имала само осум години. Улогата и донела светска слава, па затоа подоцна се појавила уште во неколку филмови и серии.
49 години подоцна, Ингер Нилсон се’ уште ја препознаваат по карактеристичната насмевка и љубопитниот поглед.
Денес таа е среќно мажена, има 57 години и работи како секретарка.
https://www.youtube.com/watch?v=ka3nQo7IAY4