Радио Милева

„Најдоброто допрва доаѓа“: Александра Илиевска го покажа трудничкoто стомаче!

„Најдоброто допрва доаѓа“: Александра Илиевска го покажа трудничкoто стомаче!

Водителката Александра Илиевска оваа сезона нема да биде дел од кулинарското шоу „Брза кујна“ кое секој ден се емитува на Сител телевизија.

Неодамна, во интервју за www.vsitina.mk, Илиевски ги откри своите причини поради кои нема да ја гледаме на ТВ екраните.

https://arhiva.vistina.com.mk/lice-v-lice/aleksandra-ilievska-za-vistina-mk-gi-otkri-detalite-zoshto-vo-novata-sezona-ne-e-del-od-brza-kujna-na-pat-e-najubavoto-neshto-shto-go-posakuvame-so-soprugot/

Имено, како што истакна на пат е нешто најубаво што го очекуваат со сопругот, односно принова во семејството.

-Да, започна 6-та сезона. Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите. Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството. Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоснката јавност… хахахах, изјави Александра.

Откако откри дека е бремена, водителката деновиве го покажа и трудничкото стомаче.

Таа позираше во долг фустан на која се забележува стомачето, а истото идната мама го милува со едната.

„Дури и за чудата е потребно малку време. Најдоброто допрва ќе дојде…, напиша Александра покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Ilievska (@aleksandra_ilievska_) on


Инаку, Александра во 2016 година заплива во брачните води со нејзиниот сопруг Александар.

To top