Пејачката со најголеми природни гради во Србија и во регионот, Драгана Јана Тодоровиќ наполни 47 години, па доби бројни роденденски честитки, но и интерсни подароци. Сепак, таа откри дека највреден е подарокот што и купил свекорот кој е милијардер, за роденден.
„Ми подари скапа брендирана чанта и не можам да кажам дека не сум задоволнa од подарокот“, рече пејачката и додаде:
„Не знам што да кажам, освен дека тој ме воодушеви. Станува збор за розова „Биркин“, чанта за која има список на чекање и чија цена е различна, во зависност од моделот.
Во светот на чантите, кралица на сите листи на чекање е чантата Биркин на Хермес. Меѓу актерките, пејачките, старлетите, тоа е прашање на престиж, а нејзината цена се движи од 7.000 до 70.000 евра“.
Сепак, не е познато точно кој модел пејачката го добила на подарок. Јана на Инстаграм не објави фотографии од својата нова чанта, но според цената на чинење, започнаа коментари дека некој може да купи стан во Белград за тие пари.
Инаку, Јана својот роденден го прослави во Египет, а на социјалните мрежи го покажа луксузот во кој, во моментов ужива.