Во рамките на традиционалната манифестација „Денови на македонска музика“ на 31 октомври (понеделник) , највисокото професионално признание на СОКОМ за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата ,наградата “Трајко Прокопиев“,ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Кoнстантинов.Така по минатогодишната награда -Голема звезда на македонскиот филм, која му беше доделена на Интернационалниот фестивал на филмска камера во Битола “Браќа Манаки“, ова е второ големо признание од Македонија по бројните награди кои тој порано ги освои на големите театарски и филмски фестивали во културните центри на Југославија:“Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула за филмот “Среќна нова 49“, “Златни ловорови венци“ на театарскиот фестивал МЕС во Сараево за музиката во претставите “Електра““, “Шехерезада “(режисер Томаж Пандур), за која ја доби и награда на критиката на меѓународниот фестивал во Мексико ……
Љупчо Константинов е автор на музиката на филмвите “Црвениот коњ„“Јужна патека““Хај фај“, “Тетовирање“,“Македонска сага“,“Преку езерото“…Тој соработувал со познати имиња од светот на филмот како што се Пенелопе Круз, Роберто Чули, Бранко Гапо, Димитрија Османли, Столе Попов, Антонио Митриќески…..
Неговите музички квалитети ги откри и познатиот театарски режисер Паоло Маџели кој го ангажира како посотјан соработник на сите негови претстави “Црна дупка“, “Вујко Вања“,“Тетовирани души“,“Метастабилни грал““Добариот човек од Сечуана“,“Буздо“ и многу други кои тој ги работеше за отварање на Сплитско лето и Дубровнички летни игри и за театрите во Загреб и Европа.
Љупчо Константинов не зборува многу но за неговиот креативен и творечки потенцијал најдобро зборува музиката во 60-тина театарски претстави ,30-тина играни филмови и бројни телевизиски драми и документарни емисии која беше високо вреднувана од филмските критичари и театарските уметници и публиката.
За Љупчо Константинов,( роден на 11 декември 1946 во Охрид дипломирал на Музичка академија во Белград) критичарите ќе напишат дека: „Тој со своето долгогодишно искуство и фанатична посветеност во потрага по креативното, убавото, по оние тајновити музички тонови и варијации што ја хранат и возвишуваат човековата природа ,се вбројува во онаа плејада на врвни наши оргинални, автентични творци-уметници, кои се достојни за почит и респект“.