Мегафон

Награда од критичарите за „Петрунија“ на меѓународен фестивал во Хрватска

Награда од критичарите за „Петрунија“ на меѓународен фестивал во Хрватска

На штотуку завршениот „Мотовун Филмски Фестивал“ во Хрватска, филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ.

Како што информираат од „Продукција Митевски“ на Мотовун Филмскиот фестивал 20 одлични филма се натпреварувале за само две награди што се доделуваат.

Главната награда „Пропелер“ ја добил исландскиот филм „Бел бел свет“, а наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ македонскиот филм „Господ постои, името и’ е Петрунија“.

Мотовун Филмскиот фестивал е 37 фестивал во светот каде се доделува оваа награда.

извор:република

To top