Најчесто еден од најголемите проблеми на женската популација се вишокот на килограми, па често се жалиме дека имаме плус на килограми и се трудиме да ослабеме со разни диети, третмани, физички активности.
Поп и оперската пејачка Наде Талевска Спасовска во последно време може да се пофали со одличниот изглед и одличната нова линија.
Имено, Наде за „Женски магазин“ откри дека ослабела 20 килограми со помош на хроно исхрана.
„ После 3 бремености, брзо една по друга имав голема трансформација на телото, што е многу нормално и природно. Но, дојде до степен кога почна да ми пречи и морав да превземам нешто околу тоа. Имено, сопругата на еден мој колега започна соработка со една клиника од Скопје која топло ми ја препорача. Таа ме однесе таму, и ми ги најправија сите потребни мерења и тестирања“, раскажува Наде за Женски магазин.
Најде објаснува дека си направила персонализирана хороно исхрана по која се водела долго време
„ Во изминатава година симнав нешто повеке од 20 килограми и морам да признаам дека се чувствувам одлично во своја кожа. Повторно морам да бидам искрена како и секогаш , и да кажам дека не се придржував строго кон исхраната. Мамев малку, хахаха. Но, сепак и покрај тоа добив одлични, видливи резултати и многу сум среќна поради тоа!“
Наде додава дека нејзиниот сопруг Ненад и е најголема поддршка, па така и било сега кога се одлучила да ослабе.
„ Се разбира дека имаше големо разбирање и огромна љубов кон сите мои промени во изгледот, и никогаш не му пречеа вишокот килограми. Но, сега е горд на мојата истрајност и финалниот резултат. Додуша, сѐ уште не е финален, сѐ уште работам на зацврстување на телото и поубаво оформување. И пресреќна сум што го имам него покрај себе како поддршка и бодрење. Сите мои блиски, семејството, пријателите, соработниците, се воодушевени од мојата трансформација“, вели Наде за „Женски магазин“.
фото: фејсбук