Нада Топчагиќ во помладите години беше една од поатрактивните пејачи која своевремено привлече големо внимание, и со гласот и со стасот.
Денешните деколтирани блузи се „гола вода“ во споредба со стилот на облекување на Топчагиќ.
Имено, свиленото раскопчено палто и поднего ништо освен разголените гради на пејачката во тоа време беа многу повеќе од провокација… Отприлика нешто како денешните секс фотографии на Карлеуша или Дара – Бубамара, на пример. Не случајно од таму и и потекна прекарот: Нада – „Хаубица“!
Покрај голотијата, Нада неодамна со уште нешто сакаше да покажа дека била далеку пред своето време, арно, ама…
Имено, таа објави нејзина фотографија од 1986 година на која носи сребрена перика, а потоа и насловната страница на популарното списание на кое моделот носи идентична перика како што Нада пишува „овие денови“.
„Па, после велат дека не ме копираат … Мојата слика од 1986 година, а ова е насловната страница од овие денови“, пишува пејачката на Фејсубук.
Сепак, во е прашањето е насловницата на списание од 1984 година, па Топчагиќ очигледно погрешно коментираше.