Викторија Бекам не се приклучи на „Black friday“ лудилото и во нејзините продавници немаше попуст и облеката се продаваше по редовна цена.
Причината наводно е слабата работа на нејзиниот бренд поради што има долг од неверојатни 53,9 милиони фунти.
View this post on Instagram
Нејзината продавница во лондонската улица Довер беше без редици клиенти за „црниот петок“, а на излогот имаше само голем лак како украс за почетокот на доаѓањето на претстојната празнична сезона. Секој што сака да си дозволи дизајнирано парче со нејзиниот потпис, ќе ја плати целата цена бидејќи како што стојат работите, нема да има ниту божиќни попусти.
View this post on Instagram
Поранешната пејачка го започна својот моден бренд во 2008 година со мала колекција на фустани, а нејзиниот бренд брзо беше препознаен од модните критичари и љубителите на модата, а набрзо прерасна во вистинска дизајнерска куќа која вклучува модни додатоци, долна облека и чевли. Сега брендот се соочува со сериозна криза и неизвесна иднина, што јавно го потврди и портпаролката на Викторија, откривајќи го долгот кој стана преголем товар.
фото:Инстаграм