Радио Милева слатка напаст

На Валентин Николовски постојано некој „му дише во врат“: Уредникот и водител на дневникот на ТВ Сител има „проблем што сака да го има“ (ФОТО)

На Валентин Николовски постојано некој  „му дише во врат“: Уредникот и водител на дневникот на ТВ Сител има „проблем што сака да го има“ (ФОТО)

Валентин Николовски, новинар, водител и уредник на ТВ дневникот на  ТВ Сител е ТВ лице кое сите добро го познаваат. И од ТВ екраните, а многумина и приватно, зашто Тино, како што сите го викаат е „душа од човек“. Постојано расположен и кога не и подготвен  за дружба. Спонтан, комуникативен, речиси секогаш расположен, неретко хуморен и забавен, Тино е и другар и колега каков што секој би посакал.

Можеби затоа ТВ водителот има и проблем, кој до душа, е проблем што Тино сака да го има… А проблемот е во тоа што на Валентин Николовски постојано некој „му дише во врат“!

Нееее… ако некој помисли дека тоа е главниот уредник на телевизијата, уредникот на Информативната редакција или не дај Боже, газдата на ТВ Сител, дебело сте се излажале.

Добро, можеби понекогаш има вистина во нешто и од ова, но оној кој постојано „му дише во врат“  не е лик од телевизијата. Иако, телевизија не да сака, туку обожава да гледа. Ама не и сам…

Имено, Валентин Николовски дома има преубав мал пес. Домашен миленик без кого денот не може да се замисли, а Бога ми и вечерта.  Без него и да сака не може да гледа филм. Особено не сам, иако само „поедини филмски жанрови“  се за гледање сам, ама нејсе… Тино секогаш има придружба за домашно кино!

И не е само тоа… Новинарот и водител на вестите на ТВ Сител кучето го чини повеќе од себе си, зашто за да се биде подготвен за зима  покај крзното треба и кучешка гардероба да се има. Шишањето и разубавувањето заедно со храната е програма плус. Или во превод – екстра трошок, ама ако…!

На сето тоа, уште секоја вечер на Валентин Николовски неговото куче „му дише во врат“.  Човекот и јавно се пожали, а на многумина им се дожали што кутриот Тино не само што не може сам да гледа филм, туку не може ни „да влезе во филмот“ кога светлата ќе се угаснат… Зашто  неговиот најверен четвороножен „пријател до гроба“  „му дише во врат“ и во спалната соба!

Што значи дека Валентин Николовски дефинитивно има проблем… Само што ова е „проблем“ што навистина „сака да го има“!

Фото: Фејсбук принтскрин/Valentin Tino Nikoloski

 

To top