Радио Милева си го најде...

На турнејата по САД со Џесика Палашоска го бараа принцот, а Адријана Кеш си го најде… вујче од Америка! (ФОТО)

На турнејата по САД со Џесика Палашоска го бараа принцот, а Адријана Кеш си го најде… вујче од Америка! (ФОТО)

Како што веќе објавивме,  двете атрактивни македонски фолкерки, ЏесикаПалашоска и Адријана Кеш, заедно со машката пејачко-музичарска екипа во проширен состав се на новогодишно-божиќна турнеја по САД.

Освен што им пејат, ги забавуваат, веселат и расположуваат нашинците за време на празниците, двете фолк убавици наоѓаат по малку слободно време и да се расположат себе си. Или поточно, како млади моми – немажени, да се пуштат во акција по млади ергени… ама од наш сој!

Онакви какви што ги дал Господ, атрактивни, сексапилни, цицлести, згодни – неопходни, русокосата и бринетата  се „убиствена комбинација“… И стас и глас, а Бога ми и телесни „тути атрибути“!

Арно ама, иако Америка е земја голема, тоа ергените или се… какви што се, или многу малку ги има на број оние од наш сој, па слободни, тешко се наоѓаат!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/makedonskite-folkerki-vo-akcija-trgnaa-da-go-baraat-princot-ednata-go-najde-samo-konjot-foto-video/

Џесика прва тргна во потрага по принцот на бел коњ, па ако не друго, барем го најде коњот. До душа, розов еднорог, ама затоа мек и мил, па русокосата се вљуби во него уште на прв поглед, па му го подари и првиот бакнеж.

Вистина.ком.мк тоа го обзнани, на што обете фолкерки возвратија со реакции, полни со позитивни вибрации.

На смеа, на шала, во нивната објава стои и нешто друго. Дека за Џесика се знае само за коњот, ама Адријана изгледа си го нашла и својот принц. Или поточно својот „вујче од Америка“. Па дури и го покажа на една од споделените фотографии на социјалните мрежи, каде пејачката гушната му паднала во прегратки.

Уште ако на „вујче“ банкарското конто му е полно како нејзиниот прекар – Кеш, нема што да му ја мисли. Може веднаш да му ја запее на увеце онаа, нејзината: „Пиши му да побрза“!

To top