Радио Милева Пред скопскиот концерт

На турнејата низ Австралија: Теа Таировиќ наметната со македонско знаме со сонцето од Кутлеш вака ја пееше „Лихнида кајче веслаше“ (ВИДЕО)

На турнејата низ Австралија: Теа Таировиќ наметната со македонско знаме со сонцето од Кутлеш вака ја пееше „Лихнида кајче веслаше“ (ВИДЕО)

Полека се ближи долгоочекуваната вечер, настанот за кој најмногу се зборува овој период, за концертот кој предновогодишно ќе го размрда Скопје. На 16-ти декември во салата „Јане Сандански” балканската ѕвезда Теа Таировиќ ќе приреди шоу со кое ќе ги помести сите граници. Организаторите со задоволство истакнуваат дека поголем дел од влезниците се веќе распродадени, а Теа со нетрпение чека да запее пред публиката која посебно ја обожува, па може и по некоја македонска песна.

Нејзината љубов кон Македонија уште еднаш ја потврди со своите настапи на турнеата во Австралија каде од срце ја испеа „Лихнида кајче веслаше“, а за концертот во Скопје подготвува уште повпечатлив репертоар проследен со уникатен сценски настап кој ќе ве остави без здив, карактеристичен за српската дива.

To top