На Тони Цетински му се заканува долгогодишна казна за убиство на човек во сообраќајна несреќа во која прегази пешак во Хрватска.
Против Тони Цетински е покренета тужба поради предизвикување на сообраќајна несреќа во 2017 година.
Имено, според соопштението во кое не се наведува име, се обвинува дека на 3 ноември 2017 околу 13 и 35 управувал со својот автомобил во Ровињ.
„Се терети што не проверил дали може да влезе во улицата. Исто така се терети поради брзината со која го управувал возилото. Покрај се, се терети што не обратил внимание на пешакот кој лежел на улицата туку со автомобилот поминал низ телото на пешакот кој лежел поради нрушеното здравје на срцето и алкохолизирана состојба“ пишува во соопштението.
За потсетување, во сообраќајната несреќа почина Ибрахим од Ровињ, а Тони Цетински управувал со автомобилот “мерцедес“.