Фотогариите од лутиот Том Хенкс на црвениот килим го преплавија интернетот. Актерот имал мал инцидент во вторникот пред премиерата на неговиот нов филм на Канскиот филмски фестивал.
Хенкс бил на црвениот тепих со сопругата Рита Вилсон (66) кога жестоко се скарал со вработена од организацијата.
На црвениот тепих, на премиерата на својот филм, Хенкс викал пред сите, мавтал со рацете и го вперил прстот кон непознат помлад човек и бил многу фрустриран и лут.
Сопругата на Хенкс откри што е проблемот и зошто Хенкс реагирал така. Вилсон тврди дека нејзиниот сопруг не се карал, туку дека било гласно и не ги слушнале упатствата.
„Оваа ситуација се вика ‘Не те слушам. Луѓето врескаат. Што рече? Каде треба да одиме?’ Но, такво нешто нема да ја продаде приказната. Убав обид. Ние добро се забавувавме“, напишала Рита Вилсон на Инстаграм.
фото:Принтскрин/Инстаграм/Рита Вилсон/tutti_pazzi_per_il_cinema/pagesix