Радио Милева

„На тежок начин те донесов на овој свет“: Мајката на Мартија со емотивна роденденска честитка до ќерката и досега невидени фотографии (фото)

„На тежок начин те донесов на овој свет“: Мајката на Мартија со емотивна роденденска честитка до ќерката и досега невидени фотографии (фото)

Младата и талентирана кумановка, која на регионот му покажа како се пее, Мартија Станојковиќ, денес слави роденден.

Шармантната дама полни 16 години или слатките времиња од тинејџерството. По тој повод, нејзината мама Снежана и напиша емотивна честитка, а притоа објави и досега невидени фотографии кога Мартија се родила.

-На денешен ден пред 16 години Господ ми подари уше една душичка! Среќна сум што те имам и сигурна сум дека секој би посакал дете како тебе!. Те сака мама мартија! Уште на шестиот ден од твоето раѓање пееше на дел глас, а пееш и сега, пишува мама Снежана, а описот на фотографијата го дополни:

-На тежок начин те донесов на овој свет и пак би се осмелила кога би знаела дека ќе се родиш ти!

Мартија и возврати на мајка си:„Мамо, не постои човек како тебе, единствена си!“

фото:мартија станојковиќ/инсатграм

Инаку, мајката на Мартија е нејзина најголема поддршка во нејзината музичка кариера,а  веќе пораснатата ѕвездичка секогаш ги слуша советите на мама.

Среќен роденден Мартија!

Поврзани теми

To top