Пејачката Теодора Џехверовиќ затекнала непријатна сцена на излегување пред зградата во која живее. Се шокирала кога видела дека џипот и е „унакажан“, поточно од маската однапред некој и го украл знакот Мерцедес.
Не и било лесно кога ја видела штетата, зашто вандалите ова и го прават по втор пат.
„Знаете дека јас сум вистински љубител на Мерцедес, меѓутоа, знакот на моделот кој моментално го поседувам многу лесно се отстранува, а тоа ми се случува веќе по втор пат. Одам и возам со оваа дупка однапред. Баш не ми е гајле за дупката, но пак ќе го сменам знакот и некој пак ќе го украде! Ќе ме натера да го продадам колава затоа што која е поентата постојано да купувам знак, знаејќи дека некој постојано го краде“ – се пожали пејачката.