Во љубовта нема граници кога во прашање е разликата на годините.
Токму во таа тема се пронајде македонската пејачка Тамара Тодевска која на социјалната мрежа редовно ги споделува убавите моменти со нејзината љубов, архитектот и дизајнер на ентериери, Лука Радовиќ.
Иако најчесто девојките ги привлекуваат постари мажи поради некоја нејасна причина, во останатите случаи се е препуштено на хемијата и секако карактерот.
Нејзиниот сакан неодамна наполни 31 година, а таа за некој месец веќе навлегува во 39 – тата, но ако се заљубиш не можеш да му кажеш „не“ само поради разликата во годините.
Таа сега откри дека жали што не се сретнале порано, за да им биде така убаво, па на кратките приказни на социјалната мрежа за тоа искористи фотографија за да му го каже тоа низ шега.
Но се потврди дека годините и љубовта не одат заедно.
– Таа: Зошто не се сретнавме порано? – пишуваше на објавата.
Бидејќи во нивниот случај постои разликата , следеше нова фотографија од девојка која ја сподели и Лука а за иста пишува за нејзината возраст/ изглед во дадената година.
– Таа – 1995 година.
Додека тој истата таа година логично, не би можел да и биде момче.
– Јас 1995 година.
Сепак, денес е сосема поинаку кога и двајцата можат да ги задоволат своите љубовни апетити.
Без разлика кој е повозрасниот и колкава е разликата меѓу нив сега најважно е да се има разбирање и голема доза на доверба, а најмногу од сѐ љубов.
фото: printskrin/instagram/tamaratodevska