Откако ја протераа од Црна Гора и Србија, српската старлета Сораја Вучелиќ одлета за САД, потоа се врати во Италија и вчера се појави во Москва, за да им даде поддршка на српските фудбалери. Така барем официјално самата изјави, иако дел од медиумите нејзиниот престој во Русија на денот на натпреварот помеѓу Србија и Бразил го прокоментира поинаку.
Имено, на прашањето дали можеби дошла да се види со бразилската ѕвезда Нејмар, старлетата само се насмеала избегнувајќи го одговорот.
Да ве потсетиме дека медиумите месеци наназад пишуваа дека Сораја и Нејмар имале емотивна врска. наводно, таа го посетувала додека уште тој играше за Барселона, а и се фотографираше со неговиот дрес…
Но кога информациите дојдоа до светските портали, Нејмар се огласи и жестоко ги демантираше овие информации.