Сара Мејс и Димитар Атанасовски очекуваат принова. Имено, тие ќе станат родители по вторпат.
Неодамна радосните вести тие ги споделија на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од ултразвук.
Инаку, Сара откри како се чувствува во втората бременост.
-Одлично се чувствувам, засега е сe’ како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјави Сара за „Женски магазин“.
Познатата двојка сега го откри и полот на бебето. Имено, Сара, Димитар и нивната ќеркичка Илина отворија кутија во која се наоѓаа сини балони.
Сара очекува машко дете, а Илина ќе добие братче.
View this post on Instagram
На нивната среќа им немаше крај, па семејство прослави со музика. Инаку, Димитар и Сара од бракот ја имаат ќеркичка Илина.
Честитки.
фото: принтскрин/инстаграм/sarahmace__