Радио Милева исповед

На сопругата на Ѓани и беше дијагностициран канцер, а сега откри како се чувствува по операцијата: „Ми отстранија еден бубрег“

На сопругата на Ѓани и беше дијагностициран канцер, а сега откри како се чувствува по операцијата: „Ми отстранија еден бубрег“

Сопругата на пејачот пред два дена излезе од болница каде што и отстранија канцер на бубрег.

На Слаѓа Трајковиќ, сопругата на Радиша Трајковиќ Ѓани пред некое време и дијагностицираа канцер на бубрег поради што мораше на операција.

Слаѓа откри како се чувствува по сериозната интервенција.

-Добро сум, оздравувам, се е во ред. Јас сум позитивна жена, иако никогаш не сум имала вакви здравствени проблеми, вели Слаѓа и откри како дознала за опасната болест.

-Дознав сосема случајно.Бев да ги снимам белите дробови бидејќи сум пушач, но и поради короната. На таа снимка се видеа цисти на панкреасот и на бубрезите, па ме пратија на преглед на целиот адбомен. Бев кај ендокринолог. На магнетната резонанца покажа дека имам канцер на бубрегот. Деталните прегледи покажаа дека туморот расте и операцијата беше единствено решние“, вели Слаѓа.

Сопругата на пејачот откри како се чувствувала во тој момент.

-Беше многу стресно, но што да правиме. Ми беше страшно кога морав да им кажам на децата и Ѓани. Но, се грижа не може да промените ништо. Само со позитивна енергија и став.

-Многу плачев. Кога пред операција ме однесоа во болница и кога ме оставија, тогаш се започна. И страв, и емоции и тоа сознание дека операцијата е ризична. Бев свесна за тоа. Не е воопшто едноставно. Таков нешто не ни посакувам ни на својот најголем непријател, вели Слаѓа и открива детали за операцијата.

-Траеше три, четири часа. Многу специфична операција. Мораа да ми го отсранат бубрегот и дел од ребро за да дојдат до него. Не сакам да се жалам. Јас сум благодарна на докторот. Човекот не го познавам, само го видов двапати и кажав тој да ме оперира и никој друг. Докторите не знаејаа каква е ситуација се до операцијата. Не знаев дека ќе го отсранат едниот бурбрег, но така мораше. За среќа, може да се живее со еден бубрег, вели сопругата на пејачот.

Таа открива како изгледа да се живее со еден бубрег.

-Морам да кажам дека е чудно чувството. Чудно е кога знаете дека нешто ви е отсрането. Чекам анализи и контрола, вели Слаѓа.

фото: insajder/Aleksandar Jovanović Cile/Printscreen You Tube/Pink.rs/N.Vujčić/printscreen instagram/djanimusic

To top