На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од млад човек кој потсетува на Матеј Периш, момчето кое исчезна на новогодишната ноќ во Белград и оттогаш се води интензивна потрага по него. На видеото кое кружи на Твитер се гледа млад човек кој оргија со две непознати девојки, а видеото стигна и до српската полиција со оглед на тврдењата дека на неа се наоѓа исчезнато момче од Хрватска.
Сепак и покрај сличностите, на видеото не е Периш, туку Раде Лазиќ, поранешен учесник во некои од реалните шоуа. Тоа го потврди и во куса изјава за еден од српските портали.
„Јас сум на снимката. Тоа видео е направено многу оддамна. Не сум во Србија, но шокиран сум што видеото излезе во јавноста. Знам и кој го поставил на Твитер, но не ми е јасно како ме поврзаа со исчезнувањето на Матеј Периш. Му се извинувам на семејството Периш ако дополнително ги потресе оваа вест. Се друго ќе решам на суд“ – изјави Лазиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/rade_lazic_king/ Sonja Spasić – screenshot