Мегафон

На „Скопско лето“ претставата на МНТ „Нема да биде крај на светот“

На „Скопско лето“ претставата на МНТ „Нема да биде крај на светот“

Според авторот Аднан Лугониќ, флоскулата „крај на светот“ никогаш не била позастапена, како во медиумите така и во секојдневните, обични разговори. Стравот од генералното пропаѓање на планетата како да ги направи неважни сите оние мали, индивидуални „краеви на светови“.

Оваа драма и оваа претстава се занимаваат токму со тоа – рушењето на интимните светови. Таа 2018 година кога се создаваше текстот, крајот на светот го препознавав на секој чекор – додека шетам по улица, седам во кафеана или парк, се возам во автобус или воз, додека еуфорично скокам на концерт, танцувам во клуб или просто додека стојам и набљудувам. Крајот на светот ми се чинеше како постојан процес што оди паралелно со изградбата и напредокот, објаснува авторот за претставата.

Според авторот, секој од нас носи некој свој „крај“. И тој, како што вели, не е ни малку поневажен од општиот крај на светот.

А историјата нѐ учи – светот секогаш ќе постои во некаков облик, со или без нас. И затоа, додека сѐ уште можеме, да зборуваме повеќе за нас – за нашата сила, онаа индивидуалната, но и за потребата од другите со цел да се изгради некој нов, појак, интимен свет во кој нема да ни биде страв да зборуваме за кршењата. Тие се тука за да ни дадат сила секогаш да почнуваме од почеток, додава Лугониќ.

Утре пак, исто така на малата сцена на МНТ ќе се одржи театарската претстава „Торонто Експрес“, а во петок во рамки на фестивалот, ќе се одржи претставата „Последната лента на Крап“.

извор:република.мк

To top