Саша Ковачевиќ и Зоран Тасовац уживаат во нивната љубов, и тие се чини дека се на чекор до олтарот и свадбата. Имено, како што вели Саша, тој смета дека е време за тоа и верува дека Зорана е онаа – “вистинската”.
„Секој од нас може да почувствува кога некој му одговара и кога ќе се појави хемија, па така е и во мојот случај со Зорана. Верувам дека таа е вистинската“ – вели Саша, кого Зорана, како што вели тој, го освоила со насмевка, директност, непостредност, а убавината се подразбира. Зорана има ќерка Искра, која кај Саша во голема мерка го разбуди татковскиот инстинкт.
„Се разбира, дека кај мене се појави таквиот инстинкт. Тоа е природна и нормална работа, и верувам дека јас ќе бидам татко во наредниот период и дека сè ќе биде онака како што посакував. Искра ја чувствувам како моето дете. И сега и кога ќе имам свое дете“ – искрен е пејачот.
Инаку, Зорана еднаш беше избрана за Мис Војводина, а во 2007 година беше прва придружничка на Мис Србија. Србија пак ја претставуваше на изборот за Мис Универзум во 2008 година, а таа родум е од Кикинда.