Радио Милева И кога премногу го има, мора да и фали

На Сара Мејс и проработеа трудничките хормони па го прозва сопругот: „Малку ми е дома, па и на ТВ“!? (ФОТО)

На Сара Мејс и проработеа трудничките хормони па го прозва сопругот: „Малку ми е дома, па и на ТВ“!? (ФОТО)

Македонската пејачка и харфистка Сара Костадиновска попозната како Сара Мејс само што не се породила. Како што неодамна откри, таа и нејзиниот сопруг – водителот Димитар Атанасовски, чекаат девојче. И додека ќерката не дошла на свет, Сара ги минува последните труднички денови одморајќи, додека Димитар, мора да работи.

Ама трудниците се познати по својата хиперсензитивност, на моменти чудното однесување и несфатливи потези…

Покажа дека фризурата и е „најважната споредна работа на светот“, а малку пред  тоа го покажа и „кучето на својот живот“ – нејзиниот лабрадор, од кого Сара речиси и да не се двои…

Со него е и на суво и во вода… И во добро и во лошо – заедно!

А, Димитар…?! Заедно се кога е дома, ама и кога не е – пак е со него. На ТВ, се разбира! Пушти го телевизорот и оп, ете ти го него, како водител на квизот!

Ама, хормоните на распената трудницата проработеа и… Лабрадарот не и малку. А сопругот?

„Малку ми е дома, па и на ТВ“ – напишала Сара на фотографијата во една од своите Инстаграм приказни, на шега секако! лабрадрот е песот на нејзиниот живот, ама Димитар е човекот… И татко на нивната идна ќерка! Затоа и кога премногу го има – мора да и фали!

To top