Пејачот Слоба Радановиќ на својот Инстаграм профил објави посмртница направена со неговата слика.
Бесен поради оваа постапка, пејачот јавно му се закани на лицето кое го сторило овој грозен чин.
„Еве вака јавно, бидејќи вие сте пи*ки кои прават вакви работи, криејќи се зад тастатурата и лажни имиња. Човекот кој им испраќа на моите родители вакви работи на нивната домашна адреса … Јавно ти ветувам дека ќе те најдам и ќе ти се за*ерам во животот. Ок е да сакаш некого или да не го сакаш, да го плукаш или фалиш, но нема да ви ги толерирам овие болести. Ветувам“ – напишал Слоба.