Судот во Белград денеска го продолжи притворот за пејачот Стефан Ѓуриќ- Раста и Б.Л. за уште 30 дена, кај кои беа пронајдени тешки дроги на почетокот на октомври кога беа уапсени.
Вишото обвинителство во Белград спроведува истрага против Ѓуриќ под сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство и дистрибуција на наркотични средства, за што му се заканува казна затвор од три до 12 години затвор.
„Нивниот притвор е продолжен поради постоење на посебни околности што укажуваат на тоа дека тие можат да го повторат делото за краток временски период“, рече портпаролката на судот, Татјана Тесиќ.
На рочиштето во обвинителството по апсењето, Ѓуриќ се бранеше дека пронајдената дрога ја користел за своја употреба, сепак, обвинителството не му веруваше.