На првиот настап на Наташа Беквалац во Белград, четири месеци по породувањето и два од физичкиот напад кој го претрпе од сопругот Лука Лазукиќ, присуствуваше и родената сестра на Лука, Ана Калиниќ.
Иако ниеден од медиумите не ја сними Ана, таа преку својот Фејсбук објави дека била на настапот на Наташа, по што сподели порака со поддршка за пејачката, но и опасна прозивка упатена до својот брат за кого вели дека направил хаос во животот на Наташа.
Што пиеш дај ми дупло и така нема да одам во рајот, сите други може да одат, а јас никогаш… камбек во голем стил, и тоа за една жена која приватно преживеа хаос пред само два месеци и мајка на тримесечно бебе и е потребна огромна снага. Нато, немаш конкуренција на Балканот, штета што не снимаш и за странски пазар! Уште со таа Барби појава.., напиша сестрата на Лазукиќ.