Радио Милева

На проблемите им нема крај: Наташа Беквалац има тешка болест – се чекаат анализите?!

На проблемите им нема крај: Наташа Беквалац има тешка болест – се чекаат анализите?!

Деновиве пејачката Наташа Беквалац е актуелна во медиумите поради физичкиот напад од нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ. Но, сега се појавија и сомнежи дека пејачката има рак на градата, пренесува српски Информер.

По тој повод се огласи и потпаролката на пејачката.

„Не сакаме да зборуваме за тоа додека не ги завршиме сите анализи. Се надевам дека ќе не разберете“, вели Тања.

Пејачката неодамна посетила болница, но таму не можеле со сигурност да и дијагностицират, па затоа за оваа недела закажала подетелни прегледи.

– Пред неколку дена додека се бањаше забележа грутка под градата. А поради сите случувања, таа ја замоли сестра и Кристина да ја однесе на лекар, вели близок извор.

Лекарот потврдил дека има нешто под левата града. Можеби се работи за циста, но не ја исклучил можноста да е тумор. Докторот ја советувал да се смири и ако е тумор е во почетна фаза, па неколку дена нема да променат ништо.

Наташа имала закажано мамографија за 24 април, но поради судењето со Лука ја одложила за следната недела.

фото: Дејан Бриза

To top