Божиќните и новогодишните празници се доба кога секој град, неговиот центар, плоштади се украсени, накитени, осветлени… Особено големите градови и метрополи. Таквата предновогодишна магија, создава атмосвера на бајка, на која најмногу и се радуваат децата, ама ништо помалку и возрасните. Особено ако моментите на таквата радост и среќа имаш со кого да ги споделиш.
Затоа голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски и неговата животна избраничка Николина – Нина, решија да ја почувствуваат предновогодишната и божиќната магија на прекрасната Барселона.
Украсената каталонска престолнина која ионака е бајка самата по себе, во овој период од годината сепак има посебен шарм.
Борко и Нина излегоа во центарот на градот, токму за да го впијат празничниот дух и магијата на градот кој ќе го паметат целиот живот. Заради професионалните радости, но и приватната среќа на двојката, кои наскоро очекуваат да станат родители на своето прво чедо.
Затоа и нивната предпразнична радост беше поголема, нивната среќа поизразена, нивниот восхит позабележителен… Во меѓусебната љубов, но и во љубов со улиците и плоштадите на Барселона… Изразот на нивните лица кажува се: Борко и Нина блескаат повеќе и посилно и од накитената новогодишна елка!