Радио Милева
долгоноги...

На познатите Македонки, по нозете денот им се познава… а веројатно и ноќта!? (ФОТО)

На познатите Македонки, по нозете денот им се познава… а веројатно и ноќта!? (ФОТО)

Физичкиот изглед кај дамите е веројатно она нешто, што најпрво мажите го забележуваат, она што на прва ги привлекува, им го свртува вниманието, знае да ги зинтригира. Ликот, фризурата, шминкатам гардеробата, обувките, накитот и  пред се, телесните атрибути… Тоа се оние нешта кај една дама со кои на прв поглед  може да им го сврти умот на припадниците од посилниот пол!

Добрите, негувани долги нозе, се пак она нешто што на женската фигура и  дава маркантност, па затоа не попусто се вели: „Види ја брат,  има нога уз врат“!

Токму затоа решивме  да ви прикажме дел од убавите нозе на познатите Македонки. Ваше е да погодите од прва за која позната личниост се работи, а уште и ако можете да препознаете што тоа во моментот правеле или работеле, каде тоа била и за што се подготвувала… Или што би рекле, дали на познатите Македонки по нозете денот им се познава? Можеби… А, можеби и ноќта!?

1. Кожни панталони, монденски леопард чевли и пркрстени долги нозе, со првото утринско нескафе в рака… Навидум може да биде секоја, ама вака дотерана сигурно оди некаде рано наутро…

На работа не е, бидејќи не води утринска програма, ама затоа води „Живот со стил“… И на ТВ и приватно!

Утринското нескафе сликано меѓу долгите нозе е за будење пред прошетка по сончевиот Солун, каде ТВ водителката Елена Стефановска   ја направила фотографијата.  Ако по нозете утрото се познава, денот ќе да е не само за прошетка, туку и за шопинг!

2. Овие убави долги нозе потопени во вода и припаѓаат на најпознатата македонска според едни старлета, според други, топ модел, но секако, однеодамна газдарица на моден бутик во Гевгелија.

Покрај многу други нешта, таа покажа дека обожава вода. Море, езеро, базен… што и да е, Александра Накова секогаш е спремна да ужива како „сирена“.

Овој пат денот не и беше резервиран за базенот, туку за топлото спа џакузи.

3. Нејзините долги нозе како и на повеќе то од нив, и се еден вид заштитен знак. Секогаш средени, речиси постојано разголени, во провокативни пози во прв план, доаѓаат до израз покрај останатите нејзини  телесни атрибути, со кои една мисица, модел, пејачка… ја освојува публиката!

Било да се работи за рекламно снимање, видеоспот, ноќно излегување или естрадно танцување, долгите нозе на Кристина Димитриевска секогаш подготвени за покажување!

4. Своите убави нозе и таа одамна ги покажала… Дури и повеќе од тоа. И тоа меѓу првите. Ама затоа не престанала тоа га практикува, без оглед од која побуда.

Дали е во прашање нешто со што сака да се пофали, нешто што треба да го изрекламира или само онака, за одново да не шокира, Мелита и понатаму останува трендсетерска елита.

А нозете… Ех, некому му е интересно она што на нив го носи, чевли, чизми, хулахопки, мрежести чорапи со жартиери…

А , некого многу повеќе го интересира што крие „подножјето на меѓуножјето“!

5.  Најпознатата македонска ријалити ѕвезда и ТВ водителка, е една од оние, чии раскошни атрибути се „телесно тути-фрути“ меѓу кое и долгите нозе, што се „празник за очи“ во нејзините разголени фотопози.

Особено кога се рекламните фотосесии на еротска долна облека во прашање, каде покрај она што се рекламира,  телесниот раскош на моделот доминира, Елеонора Миљковиќ токму најмногу брилјира.

Без оглед дали е тренди и во мода латекс „на 100 начини“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eros (@eros.underwear)

..Или кожна садо-мазо класика, Нора секогаш тоа знае како да го „зачини“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eros (@eros.underwear)

6. Долгите нозе се својствени за  мисиците, манекенките и моделите, па се подразбира декатие задолжително мора да ги поседуваат, ако сакаат да се занимаваат со таа професија.  А на долги нозе се’ поубаво стои и изгледа:

И кусо фустанче и летна гардероба, и еротска долна облека и… кога си „пиштол гола“!

Единствено  можеби г-ца Емилија Розман(тична) е проблематична кога во мини фустанче, мрежести чорапи и „нога уз врат“  ќе тргне на пат.

Особено ако е совозач, па на возачот наместо напред, гледајќи во нејзините долги нозе му застанува здивот… Е тогаш  веќе станува опасна по живот!

7. Таа и не е баш позната по своите долги нозе… Повеќе по бујните природни гради и не баш манекенските пропорции. Но иако малечка по раст, всушност нејзината телесна градба е толку складна, што покрај вечно младиот лик сладок како бомбонче, таа е вистинско секси мињонче.

Патем, една фотографија неколку дена пред одново да замине „преку седум мориња и океани“, покажува дека „најшетаната велешанка“, екс пејачката Ноне Неделковска и не дека не е така долгонога.

Нозе со сосема доволна должина  и повеќе од тоа, во однос на нејзината височина.

 

Впрочем, ниту за  пеење, ниту за работа на прекуокенски крузер по светските дестинации, не се бараат манекенски пропорции.

Сепак, низ животот секогаш „подобро ќе пливаш“  со богат телесен раскош и бујни атрибути… Се разбира, доколку ги имаш!,

Фото: Социјални мрежи/Инстаграм и Фејсбук принскрин

Останати вести од Радио Милева